DRAGON SUPERFOODS / ОРГАНСКО РАСТИТЕЛНО КОКОСОВО МЛЕКО СО 6% МАСЛЕНОСТ - 400 МЛ.

145 МКД

Цена со 5% ДДВ.


Баркод: 3800233680287


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Растителна замена , Млеко
  • Сертификати - European Union Organic Certification , Vegan
  • Брендови - Dragon Superfoods
  • Наменето за - Десерт , Главен оброк

На вкусните вегански јадења им е потребно кокосово млеко. Од правењето шлаг или пак како додаток во вашето секојдневно смути, се до традиционалната азиска кујна - јадења со кари или супи, кокосовото млеко е главна состојка и е неизоставен дел од овие специјалитети, посебно оние од ориенталната кујна. Кокосовото млеко се добива со цедење на мелената пулпа од кокос. Производот има карактеристичен сладок вкус и млечно бела боја. Познат е како одлична замена за млечни производи, не содржи водородни масти, вештачки ароми и конзерванси. Кокосовото млеко се произведува во сертифицирани органски фарми во Шри Ланка.


- Органски производ

- Не содржи лактоза


Начин на употреба: Кокосовото млеко може да биде дел од различни оброци, но најчесто се користи во десерти и специјалитети од источната кујна. Изматенo во густа павлака, кокосовото млеко станува составен дел од секое слатко искушение. Тоа е традиционална основа на азиските супи и претставува совршен додаток на јадењата со кари. Ова растително млеко е исто така омилена состојка и во разните шејкови и смути за сите оние кои избегнуваат млечни производи.


Наш предлог: Како да направите сладолед од кокос? Во кокосовото млеко додадете ванила и мед или јаворов сируп. Сето тоа измешајте го и смесата оставете ја во замрзнувач еден час. Извадете ја смесата, повторно промешајте ја со вилушка и вратете ја во замрзнувач уште еден час. Повторете неколку пати додека смесата целосно не се замрзне.


Состав: Kокосово млеко* (18%), вода (82%), емулгатор: гуар гума*.

*од органско земјоделство


Складирање: Да се ​​чува на ладно и суво место на собна температура. Откако ќе се отвори, се чува во фрижидер и се користи во рок од 3 дена.


Хранлива вредност на 100 g:

Енергија: 255 kJ/62 kcal

Масти: 6 g

од кои заситени: 5,4 g

Јаглехидрати: 1,3 g

од кои шеќери: 0,5 g

Растителни влакна: 0,5 g

Протеини: 0,4 g

Сол: 0,02 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре